Скокови - Светски куп

Два рекорда на Петер Превц

17.03.2016 19:42

23-годишниот Превц првата титула најдобар во Светскиот куп, ја надополни со најмногу победи и бодови во една сезона 14, односно 2123.

Нема светски рекорд на првото натпреварувањата на Планица, но словенечкиот скокач Петер Превц ги надмина постигнувањата на Австриецот Шлиренцауер од пред седум сезони.

23-годишниот Превц првата титула најдобар во Светскиот куп, ја надополни со најмногу победи и бодови во една сезона 14, односно 2123.

Овојпат Превц триумфираше со летови од 223 и 232,5 метри. Втор беше Норвежанецот Форфанг, трет Словенецот Крањец.

Својот петстоти настап во кариерата го оствари легендарниот 43-годишен Јапонец, Касаи.