Кошарка

МКФ лојална на ФИБА

17.03.2016 19:55

Потпишана од претседателот Петар Наумовски, нашата и дава целосна поддршка на Светската федерација со подготвеност македонските клубови од следната сезона да играат во натпреварувањата во организација на ФИБА Европа.

Македонската кошаркарска федерација одлучи да биде лојална на ФИБА како нејзина матична асоцијација во војната со УЛЕБ. Потпишана од претседателот Петар Наумовски, нашата и дава целосна поддршка на Светската федерација со подготвеност македонските клубови од следната сезона да играат во натпреварувањата во организација на ФИБА Европа.

Ваков е ставот и на Федерациите на Хрватска, Црна Гора и на Босна и Херцеговина. Се очекува изјаснување на Словенија и на Србија којашто е поблиску до УЛЕБ поради настапот во Евролигата. Сето ова може да создаде дополнителен хаос пред неделното собрание на АБА лигата коешто може да придонесе за нејзино распаѓање.