Промоција на публикацијата „Политички консензус за економската иднина на РМ“

24.10.2013 13:32

Центарот за економски анализи (ЦЕА) денеска ќе ја промовира публикацијата „Политички консензус за економската иднина на Република Македонија“ од Марјан Николов, Борче Треновски, Христијан Ристески и Љубица Ристовска.

Публикацијата претставува систематски пристап за потрага кон политички консензус, разумна дискусија и сензибилизирање за реалната ситуација во Македонија. Целта на нејзиното изготвување, според ЦЕА, е да се врати конструктивната дебата на сцена. 
 
- Нашата идеја преку оваа иницијатива е да ги претставиме основните економски и општествени промени/трендови во Република Македонија за подолг временски транзициски период и да им помогнеме на политичките елити поефикасно да ги презентираат своите ставови и размислувања за иднината и насоките во РМ, без притоа да се губи енергија на дневнополитичките случувања и краткорочните претензии, велат од ЦЕА.