Последните сезонски трки за Мирер и Регензбург, почестите во СК за Хиршер и Гут

20.03.2016 19:36

Во генерален пласман Хиршер триумфира со 1,795 поени или 497 повеќе од Кристоферсон, кој го доби малиот кристален глобус во слалом со 811.

Финалето на сезоната за алпинците беше во Ст. Мориц, Швајцарија. Швеѓанецот Андре Мирер победи во слалом со 14 стотинки пред фаворизираниот австриски ас Марсел Хиршер и 36 стотинки пред Норвежанецот Себастијан Фос-Солвег. Во генерален пласман Хиршер триумфира со 1,795 поени или 497 повеќе од Кристоферсон, кој го доби малиот кристален глобус во слалом со 811.

Германската скијачка Викторија Регензбург беше најдобра на последниот велеслалом со 46 стотинки пред Французинката Бариос и 75 пред Швајцарката Гут. Во генерален пласман Лара Гут триумфира со 1522 бода, а во велеслалом Австријката Ева Мариа Брем со 592 бода.