Сан Антонио го запре Голден Стејт, Мајами одново подобар од Кливленд

20.03.2016 19:38

Второто големо дерби беше на истокот, најмногу поради ривалитетот на мегазвездите, некогашни клупски колеги Двејн Вејд и ЛеБрон Џејмс

Во дуелот кој многумина го гледаат како финале на плеј офот во Западната конференција, шампионот од 2014 беше подобар од актуелниот со 87 :79. Мечот ќе се памети и по тоа што Тим Данкан за првпат во својата кариера по 1,382 натпревара не беше стартер и постигна само еден поен. Но, победи тимскиот дух на Сан Антонио кој доминираше со 7 повеќе офанзивни скокови, Кари беше очаен со само една тројка од 16 обиди, а заедно со Томпсон имаа 19-2 од дистанца. Кај домашните “Ол стар“ играчите Олдриџ со 26 поени и 13 скока и Ленард со 18 поени и 14 скокови беа најдобри, за вкупно 44 домашна победа во серија. На другата страна Топмсон заврши со 15, а Кари со поен помалку, додека Грин со 11. Сан Антонио со ефект 59-10 му се приближи на Голден Стејт кој води со 62-7 и натаму го брка рекордот на Чикаго од 72-10.

Второто големо дерби беше на истокот, најмногу поради ривалитетот на мегазвездите, некогашни клупски колеги Двејн Вејд и ЛеБрон Џејмс. Мајами одново го декласира Кливленд со 122 :101, што е негова 11 победа едноподруго во меѓусебните домашни пресметки, а 4 по заминување на Леброн од Мајами. Вејд заврши со 24 поени, најмногу кај победникот со кои стана 41 во историјата со над 20,000 поени. Драгич и Џонсон дадоа по 18, со тоа што Словенецот имаше и 11 додавања а од клупата Вајтсајд 16 поени и 13 скокови.  Кај гостите Џејмс постигна 26 поени, но Ирвинг со 14 и Лав со 7 беа под нивото.

Динамично беше во Индијана, каде што Оклахома со “трипл дабл“ на Вестбрук и 33 поени на Дурант ги еутрализира 43 поени на Џорџ и победи со 115 :111, троен двоцифрен ефект имаше и Рендолф за Мемфис во успехот на ЛА Клиперс 113 :102. Во другите мечеви домашни победи оставрија Детроит над Бруклин, Вашингтон над Њујорк, Атланта со Хјустон и Чикаго против Јута, а на гости се радуваше уште Денвер во Шарлот.