Јогуртот е многу корисен за косата и кожата

22.03.2016 10:36

Во прилог се неколку совети како да го користите јогурот за да го отстраните првутот, да направите природен пилинг, да ја избелите кожата и да ги омекнете напукнатите усни.

Јогуртот има многу корисно влијание на човековиот организам, содржи во себе пробиотици кои се одлични за дигестивниот систем, но исто така е одличен и за кожата и косата.

Во прилог се неколку совети како да го користите јогурот за да го отстраните првутот, да направите природен пилинг, да ја избелите кожата и да ги омекнете напукнатите усни.

Отстранување на првут - Јогуртот измешајте го со сок од лимон и малку сол, а готовата смеса нанесета ја на темето. За неколку дена ќе ја забележите разликата. Јогуртот може да го помешате со маслиново масло, а разултатот ќе биде подеднакво добар, ќе го отстраните првутот.

Природен пилинг - Не е тајна дека млечната киселина помага во отстранување на нечистотијата и ја прави кожата мека и нежна. Јогуртот може да се помеша со овесен прав и жолчка од јајце, и смесата брзо ќе ја регенерира вашата кожа.

Избелување - Помешајте јогурт со изрендана кора од портокал и нанесете ја на кожата доколку сакате да ја избелите откако ќе поцрвени поради влијанието на сонцето.  Поради оваа смеса повеќе нема да се плашите да „изгорите“.

Испукани усни - Доколу имате проблем со испукани усни, на нив нанесете мешавина од јогурт и шафран. Доколку сакате, можете да додадете и масло од сенф. Смесата е потребно да ја нанесувате два пати на ден.