Протести за Кежаровски

Новинарите со поддршка на Кежаровски

24.10.2013 14:08

Иницијативниот одбор и новинарските здруженија најавуваат дека ова е само почеток на процес во кој крајната цел е ослободување на колегата од Нова Македонија

Новинарите, медиумските работници и граѓаните кои сакаа да му искажат поддршка на новинарот Томислав Кежаровски протестираа,  но не каде што најавија  пред  пред музејот на ВМРО во центарот на Скопје. Ги спречи полицијата.

На протестот беше и сопругата на Кежаровски, го сподели со колегите новинари немирот поради изречената казна,  но дека надеж и дава поддршката што ја добива од еснафот. 

 („Убиец да бев немаше да добијам толкава казна, ми порача и сами видовте да јачувам нашата малолетна ќерка. Ми порача живејте го животот, како да живеам, најдобриот човек најдобриот сопруг е во затвор, изјави Марина Кежаровска.)