Промоција на „Ова не е крај“ книга за Тоше Проески

25.01.2014 12:58

Фондацијата Тоше Проески денеска ќе ја промовира книгата „Ова не е крај“ која опфаќа сегменти од животот на македонската музичка легенда. Автор на книгата,  која се промовира на денот на неговиот роденден, е Соња Алексоска Неделковска. На промоцијата ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

За потребите на книгата се интервјуирани повеќе од 80 соговорници. Сеќавања за Тоше споделуваат членовите на најблиското семејство, сестрата Дора, зетот Славен Ристески, внукот Кристијан. Интересни случки од детството откриваат и неговите другари. 

Читателите ќе имаaт можност  да дознаат за почетоците на кариерата на македонската легенда, за  првите настапи и првата отпеана песна. Како се одвиваше неговиот професионален музички пат, спомени споделуваат македонските автори, изведувачи и продуценти, претставници на медиумите, како и познати имиња од светот на класичната музика и од спортот. За кариерата на Тоше во Србија свои искуства споделуваат неколку  музички  соработници и изведувачи и неколку познати српски новинари. Како Тоше ја освои Хрватска и Блаканот ќе откријат повеќе значајни личности од тамошниот музички пазар. Светски автори ќе го споделат искуството за соработката со нашата легенда при снимањето  на албумот „The Hardest Thing”.

- Книгата  ќе биде во луксузно пакување, правена е  по терк на изданијата за светските ѕвезди. Во неа има фотографии на Тоше од неговиот приватен албум. На нив се овековечени моментите со неговото најблиско семејство, како и од детството, од првите чекори на снегот, првите настапи, концерти, фотосесии, информираат од Фондацијата „Тоше проески“.