Фудбал - квалификации за СП 2018

Уругвај и Аргентина напредуваа, Бразил во криза

30.03.2016 14:31

На славниот Сентенарио во Монтевидео, Уругвај беше подобар и за повече од еден гол од Перу, но славеше со погодокот на Кавани во 51-та минута за прва позиција на табелата со 13 бода.

Иако летово ги очекува сеамериканското фудбалско првенство и тоа на стогодишнината од првиот Копа шампионат, КОНМЕБОЛ репрезентациите веќе ја одиграа првата третина од квалификациите за Светското првенство во  2018-та. Еквадор конечно е симнат од врвот, Аргентина ја надмина кризата, но Бразил е надвор од зоната којашто обезбедува пласман на 21-от мундијал. 

На славниот Сентенарио во Монтевидео, Уругвај беше подобар и за повече од еден гол од Перу, но славеше со погодокот на Кавани во 51-та минута за прва позиција на табелата со 13 бода.

Исто толку има и Еквадор, но по првиот пораз во квалификациите поради послабата гол разлика сега е втор. Подобра со 3:1 беше Колумбија предводена од двојниот стрелец Бака. За Колумбијците, кои се на петтата позиција којашто значи интер-конфедерациски бараж со најдобрата селекција од Океанија, погоди и Перез. Стрелец за Еквадор којшто по четирите триумфи во последните два меча освои само бод, беше Аројо во последната минута.

Актуелниот јужоамерикански првак Чиле по домашниот пораз од Аргентина одговори со триумф на гости кај последнопласираната Венецуела со 4:1 иако губеше со 1:0. По домашниот погодок на Отеро, по два за гостите постигнаа Пиниља и Видал. Само поради гол повеќе, а со ист број бодови, десет, Чилеанците се пред Колумбија и на последното место коешто носи директен пласман во Русија.

Трет со 11 бода е финалистот од претходниот светски шампионат, Аргентина којашто врза три триумфи. Гаучосите имаа милост кон Боливија и славеа само со 2:0. На Боливијците кои се претпоследни со само три бода им беше важно да не бидат декласирани на Марио Кемпес стадионот во Кордоба, како минатата година кога на два пријателски меча со Аргенитина примија 12, а не постигнаа ниту гол. Од многуте шанси, домаќините реализираа две преку Маркадо во 20-та и Меси од пенал во 30-та минута. Со 50-от репрезентативен гол, Меси му се доближи на шест погодоци на националниот рекордер, Батистута.    

А најуспешниот со пет мундијалски титули, Бразил се извлече на гостувањето кај Парагвај одигрувајќи 2:2. Двете репрезентации имаат по девет бода, кариоките се место понапред, шести. Во Асунсион, Парагвајците воде со 2:0 со головите на стартот на второто полувреме на Лескано и на Бенитез, но Бразил без суспендираниот Нејмар, избегна пораз благодарение на Рикардо Оливеира и на голот на Дани Алвес во 92-та минута. Следните две квалификациски кола ќе се одиграа на почетокот на септември.