НБА лига

Голден стејт чекори незапирливо

30.03.2016 17:31

Стеф Кари со 26 коша беше најефикасен кај Голден стејт во чиишто редови двоцифрени беа и Томпсон со 16, Грин со 15 и Барнс со 14 поени. За да го надмине рекордот на Чикаго, на Голден стејт му се потребни шест победи во претстојните осум средби.

Голден стејт сериозно го загрозува рекордот на Чикаго од натпреварувачката 1995-та/96-та кога „биковите“ остварија биланс од 72 победи и десет порази во основниот дел од сезоната.  Актуелниот првак дома го совлада Вашингтон со 102-94 и го прослави 67-от триумф на 74-от меч. Стеф Кари со 26 коша беше најефикасен кај Голден стејт во чиишто редови двоцифрени беа и Томпсон со 16, Грин со 15 и Барнс со 14 поени. За да го надмине рекордот на Чикаго, на Голден стејт му се потребни шест победи во претстојните осум средби.

Во трката за место во разигрувањето значајна победа оствари Хјустон и тоа на гости кај водечкиот тим на истокот Кливленд со 106-100. Хјустон има 37 победи и е во битка со Јута и со Далас за пласман во најинтересниот дел од сезоната во профи-кошаркарската конкуренција. Во него нема да биде орландо без оглед на високиот триумф над Бруклин со 139-105.

Во другите ноќешни мечеви, Шарлот се радуваше кај најслабата екипа сезонава – Филаделфија со 100-85, гостински успех забележа и Чикаго кај Индијана со 98-96 во директната пресметка за осмата позиција во источната конференција, а седмата му припаѓа на Детроит откако ја совлада Оклахома со 88-82.