Кошарка - НБА

Вориорс на четири победи до рекордот на Булс

31.03.2016 19:25

Против Јута се помачија, но по дополнителни пет минути славеа на гостувањето со 103:96 што е 68 победа на Вориорс коишто имаат само седум порази. На шампионот му се потребни уште четири триумфи за да го израмни или пет за да го мине најдоброто постигнување на Чикаго од пред дваесет сезони...

На патот на одбраната на титулата, кошаркарите на Голден Стејт се обидуваат да соборат што повеќе екипни и индивидуални рекорди. Против Јута се помачија, но по дополнителни пет минути славеа на гостувањето со 103:96 што е 68 победа на Вориорс коишто имаат само седум порази. На шампионот му се потребни уште четири триумфи за да го израмни или пет за да го мине најдоброто постигнување на Чикаго од пред дваесет сезони кошето изнесува 72:10. Томсон постигна 13 поени, вклучувајќи ја и клучната тројка за продолжение на 15 секунди до крајот на четвртиот период. Кари беше најефикасен со 31 кош, но иако е во сенка на тандемот на Вориорс, Дремојд Грин со 12-от „трипл - дабл“ сезонава покажа дека шампионот не може без него. Крилото на Голден Стејт го направи тоа што досега низ историјата не им успеало ниту на големите НБА ѕведи, па тој е првиот кошаркар кој во една сезона реализирал повеќе од илјада поени, 500 скокови, исто толку асистенции и повеќе од по 100 украдени топки, односно блокади.

Сан Антонио којшто има втор ефект во лигата, 62:10 ја продолжи домашна серија на 38 триумфи оваа сезона или вкупно 47. Спарс беа подобри од Њу Орлеанс со 100:92, најмногу благодарение на  Џинобили кој постигна 20 поени.

Клупски рекорд, пак, забележа Торонто. Оваа генерација на Репторс е првата којашто остварила 50 победи и тоа на осум меча до крајот на лигашкиот дел на сезоната. Ефинствената канадска НБА екипа ја совлада Атланта со 105:87. Најпрецизен беше ДеРозан со 26 коша.

Во другите натпревари: Мемфис - Денвер 105:109, Милвоки - Феникс 105:94, Минесота - Клиперс 79:99, Далас - Њујорк 91:89, Сакраменто - Вашинггтон 120:111 и Лејкерс - Мајами 102:100.