Ракомет - СЕХА лига

Тројца вардарци меѓу најдобрите

31.03.2016 19:27

Арпад Штербик е голман број еден, Тимур Дибиров прв избор на позицијата лево крило, Ласло Наѓ е најдобар десен надворешен ракометар, Чема Родригез главен плејмејкер...

Двајца ракометари на Вардар, тројца на Веспрем и по еден на Загреб и на Мешков Брест влегоа во најдобриот тим на петтата сезона на СЕХА лигата.

Арпад Штербик е голман број еден, Тимур Дибиров прв избор на позицијата лево крило, Ласло Наѓ е најдобар десен надворешен ракометар, Чема Родригез главен плејмејкер, Момир Илиќ е најуспешен лев бек и притоа ракометарот на Веспрем е прогласен и за најкорисен во регионалното натпреварување. Растко Стојковиќ е на пивотменската, а Златко Хорват на позицијата десно крило.

Дефанзивец на лигата е Илија Абутовиќ, а за најдобар тренер е избран Веселин Вујовиќ од Загреб.