Бугарија повеќе да не ја блокира Македонија на патот кон Европската Унија

Борисов за Македонија

24.10.2013 16:20

Два дена пред да поднесам оставка на премиерското место, бев во Скопје и со македoнскиот премиер Никола Груевски Бугарија повеќе да не ја блокира Македонија на патот кон Европската Унија

 Ова за МИА во Брисел  го изјави поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, кој заедно со Груевски и другите европски лидери, чии партии се членки на европските народни партии, учествуваат на самитот на оваа демо-христијанска партија.  
- Се надевам дека во позициите за Македонија, дека и сегашната бугарската  влада ќе даде поддршка.  Колку побрзо  Македонија влезе во НАТО и во Европската Унија, толку е подобро и за Бугарија, рече Борисов.  
Тој  смета дека Бугарија не треба да ја блокира Македонија на декемврискиот самит на Европската Унија. На самитот на Европската Народна Партија, учествуваат  првите луѓе на Европската Унија, Херман Ван Ромпуј и Жозе Мануел Барозо, како и канцеларката на Германија, Ангела Меркел, премиерот на Луксмебург, Жан-Клод Јункер, на Грција, Андонис Самарас и други европски политички лидери.