Фудбал Лига на шампиони - четвртфинале (први натпревари)

Елитни дуели меѓу четворица некогашни финалисти

05.04.2016 18:15

По 39 натпревари, Барса загуби и тоа од тој што најмногу боли од Реал Мадрид, но каталонците се девети пат по ред меѓу осумте најдобри. Луис Енрике има 6:0 во мечевите со Диего Симеоне чијашто екипа во 2014-та на патот до финалето ја елиминираше Барселона...

Без суспендирани во денешните четвртфинални мечеви од Лигата на шампионите нема, по некој повреден, но тоа не ја намалува привлечноста на првите пресметки меѓу Барселона - Атлетико Мадрид и Баерн Минхен - Бенфика.

По 39 натпревари, Барса загуби и тоа од тој што најмногу боли од Реал Мадрид, но каталонците се девети пат по ред меѓу осумте најдобри. Луис Енрике има 6:0 во мечевите со Диего Симеоне чијашто екипа во 2014-та на патот до финалето ја елиминираше Барселона, а трета сезона по ред во оваа фаза се соочува со шпански противник. Никој од клучните фудбалери нема да недостига кај двата тима, триото на Барса, Суарез, Нејмар, Меси сезонава постигна 107 гола, особено Аргентинецот е расположен во дуелите со „душекчиите“, па на 28 реализираше 25 погодоци, од нив два хет - трика.             

Тренерот на Баерн, Пеп Гвардиола тврди дека Бенфика, предводена од 30-годишниот Бразилец Жонас кој сезонава има 32 гола е фаворит затоа што е во низа од осум победи или 19 во последните 20 меча. Но, се друго е на страната на германскиот првак којшто во трите двомеча го минувал португалскиот великан и  секогаш стигнувал до финалето. Во натпреварите во Минхен, баварците имаат две победи по 4:1 и една 5:1. Бенфика којашто никогаш не го совладала Баерн на „Алијанц“ќе биде без дефанзивците, капитенот Луизао и голманот Жулио Цезар. Кај домаќинот на оддамна повредениот Бадштубер му се приклучи Боатенг.