Фудбал - Прва лига

Стадионот во Чаир затворен за Шкупи

05.04.2016 18:18

Колку ќе трае и каква ќе биде казната за организаторот на прволигашкиот натпревар, фудбалскиот клуб Шкупи ќе реши дисциплинската комисија откако ќе обезбеди дополнителни изјави и извештаи.

По инцидентите, на и по мечот меѓу Шкупи и Вардар, натпреварувачката комисија на ФФМ, донесе одлука за суспендирање на стадионот во Чаир. Колку ќе трае и каква ќе биде казната за организаторот на прволигашкиот натпревар, фудбалскиот клуб Шкупи ќе реши дисциплинската комисија откако ќе обезбеди дополнителни изјави и извештаи.

Моменталната забрана за играње натпревари на стадионот на Чаир се однесува само за Шкупи, а не и за другите екипи коишто досега го користеа, како на пример Шкендија.