Универзитетска кошарка (САД)

Виланова НЦАА шампион

05.04.2016 18:20

Вторпат во историјата шампион е Виланова откако со тројката на Крис Џенкинс со звукот на сирената ја совлада Северна Каролина со 77:74.

Кошаркарската унизервитетска титула е многу ценета, учеството на фајнл - фор турнирот значи чекор поблиску до НБА, финалињата речиси задиолжително драматични. Така беше и во 77-от завршен меч на НЦАА лигата којшто на стадионот во Хјустон го следеа 74.340 гледачи.

Вторпат во историјата шампион е Виланова откако со тројката на Крис Џенкинс со звукот на сирената ја совлада Северна Каролина со 77:74. Некогашниот универзитет на легендарниот Мајкл Џордан остана на пет пехари иако во финишот направи серија од 17:7 и израмни на пет секунди до крајот со шутот за три на Маркус Пејџ.

Победата на популарното „мартовско лудило“ на Виланова е изненадување, па на пример Рајан Арчиџаконо кој е прогласен за најкорисен играч во финалето, пред почетокот на сезоната не ни знаел дали воошто ќе се пријави на НБА драфтот.