Фудбал Лига на шампиони - четвртфинале

Победи на домаќините за неизвесни реванши

06.04.2016 17:36

Барселона се извлече, откако Торес со првиот сезонски гол, по 11-ти пат во кариерата ја затресе каталонската мрежа. Неговиот втор жолт картон уште во 35-та минута ги принуди мадриѓани на целосна дефанзива.

Кога меѓусебе играат тројца некогашни прваци и уште екипа којашто била финалист во Лигата на шампионите, тогаш нема фаворити, ниту, пак, едноставен влез во големата четворка.

Барселона се извлече, откако Торес со првиот сезонски гол, по 11-ти пат во кариерата ја затресе каталонската мрежа. Неговиот втор жолт картон уште во 35-та минута ги принуди мадриѓани на целосна дефанзива. Ја проби Уругваецот со два гола, осум елитни, вкупно 39 сезонава или 109 на триото Меси, Суарез, Нејмар. Последните осум години Барса само еднаш беше елиминирана во четвртфиналето и тоа токму од Атлетико со празот на Винсенте Калдерон од 1:0

Баерн ја продолжи традицијата без пораз во дуелите со Бенфика на пет победи и две нерешени. Со триумфот од 1:0 со голот на Видал, баварците имаат стопроцентен ефект во четирите дуели во Минхен, но сите други биле со најмалку три гола разлика. Кога во претходните двојни пресметки Баерн ја елиминараше Бенфика секогаш стигнуваше до финалето. Проблем за Португалците на реваншот за седум дена на Луж можат да бидат трите жолти картони и суспензијата на најдобриот стрелец, Бразилецот Жонас кој сезонава постигна 32 гола.