Пораз од Полска, но Рио е уште достижен

08.04.2016 23:16

Денеска сите погледи се насочени кон мечот со Тунис кој вчера лесно го совлада Чиле со 35-29 без да открие многу за своите максимални можности и квалитет по персоналните смени, но во нашата репрезентација се сигурни дека победата и опстојувањето на патот кон Рио неможе да биде доведена во прашање.

Нашата најдобра ракометна репрезентација го загуби првиот натпревар на квалификацискиот турнир, но не и шансите за историски настап на олимписките игри во Рио. Македонските ракометари го одбраа потешкиот пат по поразот од Полска со 25-20, отворија и можност за калкулации во групата, но остануваат на зацртаната цел- да се слават победи над Тунис и Чиле. Уште еднаш се покажа дека тешко ги отвораме турнирските настапи, и покрај укажаните шанси во првото полувреме доста се грешеше се промашуваа зицери, за во второто постојано да се брка негатива што пред 11.000 гледачи во Eрго арената и против квалитетниот полски состав беше речиси невозможно.

Но, поразот од Полска веќе е минато. Денеска сите погледи се насочени кон мечот со Тунис кој вчера лесно го совлада Чиле со 35-29 без да открие многу за своите максимални можности и квалитет по персоналните смени, но во нашата репрезентација се сигурни дека победата и опстојувањето на патот кон Рио неможе да биде доведена во прашање.

Вториот натпреварувачки ден на олимпискиот квалификациски турнир во Гдањск ќе го отворат токму селекциите на Македонија и Тунис од 18 часот со пренос на првиот програмски сервис на Mакедонската телевизија во рамките на специјалната емисија што ќе стартува половина час порано, а потоа од 20 и 30 ќе го пренесуваме и натпреварот во кој Полска е апсолутен фаворит против Чиле.