Презентација на достигнувањата на македонската Влада во развојот на „Е–влада“

Втор ден од Конференцијата за Е-влада

25.10.2013 11:10

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска ќе го отвори вториот ден од Конференцијата за Е-влада

На Конференцијата, што почна вчера се презентираат достигнувањата на македонската Влада во развојот на „Е–влада“, актуелниот статус и идните ИКТ планови на одредени владини институции. 
 
Конференцијата ја организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии-МАСИТ во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, француската Амбасада во Македонија, Агенцијата за меѓународна техничка соработка на француските министерства и Француската агенција за промоција на извозот.