Фудбал - Лига на шампиони

Четвртфинале - реванши

12.04.2016 17:19

Величината на Реал не им значеше ништо на фудбалерите на Волфсбург во првиот натпревар, но во Мадрид сигурно ќе биде поинаку. Најважна цел на скапите проекти на Манчестер Сити и на Пари Сен Жермен е европската титула, но за некого вечерва таа ќе остане недостижна, барем сезонава.

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите не е важно дали некој е дебитант, домашниот терен и не е голема предност. Величината на Реал не им значеше ништо на фудбалерите на Волфсбург во првиот натпревар, но во Мадрид сигурно ќе биде поинаку. Најважна цел на скапите проекти на Манчестер Сити и на Пари Сен Жермен е европската титула, но за некого вечерва таа ќе остане недостижна, барем сезонава.

Во последните пет ситуации кога загубил во првиот меч на гости или во 16 од 22 двобоја, кралскиот клуб не успеал да се квалификува за следната фаза. Сепак, Зидан смета дека тие се Реал и дека можат да надополнат и поголема негатива од германските 0:2. „Само трпеливо, не мора дуелот да го решиме во првите 10 - 15 минути“, изјави тренерот на Реал. Мадриѓани само еднаш успеале да анулираат пораз од 2:0 и тоа пред 21 година во полуфиналето на Купот на УЕФА против Интер и уште трипати во реваншот да победат со потребните три или повеќе гола разлика.

Кристијано Роналдо вели дека на Реал му е потребна магична вечер, но на ист начин размислува и стратегот на Волфсбург“, Хекинг чијашто екипа со четвртфиналето веќе направи историски клупски успех. „Еден волшебен натпревар одигравме, потребен ни е само уште еден. Знаеме дека Реал ќе има поддршка на 80 илјади навивачи, но ние сме дојдени да играме фудбал, а со резултатот во првиот меч и со серијата од пет елитни триумфи заслуживме респект“, оптимист е гостинскиот стручњак, иако во последните четири двомеча со германски екипи Реал секогаш бил поуспешен.

Париските 2:2 најавуваат возбудлив реванш во Манчестер. Сити првпат е меѓу најдобрите осум, но во Европа минал во сите шест ситуации кога на гости одиграл нерешено. Половичен е ефектот на Пари Сен Жермен во 12-те двомеча кога прво ремизирал на Паркот на принцовите. „Немаме намера да играме на 0:0 затоа што тоа не е возможно, ако размислуваме така ќе загубиме“, внимателен е менаџерот на граѓаните, Пелегрини особено што нема да може да смета на повредените Компани и Стерлинг, а  неизвесен е настапот на Јаја Туре и на Делф.

21 година минаа од единственото полуфинале на ПСЖ којшто ќе биде без суспендираните Матуиди и Давид Луиз и повредените Верати и Пасторе, но гостинскиот тренер, Блан верува дека неговата екипа има квалитет да триумфира и четвртипат сезонава на гостински терен.