Груевски на средба со еврокомесарот Штефан Филе

25.10.2013 11:30

Премиерот Груевски во рамки на Самитот на Европските народни партии оствари и неколку билетарални средби

Премиерот Никола Груевски кој престојува во работна посета на Брисел, денеска ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
 
Како што јави дописникот на МИА, Груевски вчера имаше средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи Пјер Вимонт, со директорот на Директоратот за проширување на ЕУ Кристијан Даниелсон и со бугарскот премиер Пламен Орешарски.