Голден Стејт шампионски против Хјустон

17.04.2016 19:02

Свое шоу имаше Стеф Кари со 24 поени во првото полувреме кога домашните направија предност 27 разлика. Најдобриот играч на денешницата во финишот на полувремето заработи повреда на десниот скочен зглоб и не се појавуваше до крајот на мечот.

Голден Стејт одигра егзибициски и оствари убедлива победа над Хјустон од 104 :78 во првиот “плеј оф“ натпревар во НБА лигата. Свое шоу имаше Стеф Кари со 24 поени во првото полувреме кога домашните направија предност 27 разлика. Најдобриот играч на денешницата во финишот на полувремето заработи повреда на десниот скочен зглоб и не се појавуваше до крајот на мечот. Уште поубедливо стартуваше Оклахома Сити со 108 :70 против Далас, предводена од ВЕстбрук со 24 поени 1 1асистенции и Дурант со 23 поени, додека кај гостите само Новицки со 16 беше двоцифрен.

Атланта водеше со 19 но го совлада Бостон само со поен разлика, 102 :101 благодарение на Хорфорд со 24 поени 12 скокови и на Тиг со 23 поени и 11 асистенции. Томас со 27 беше најефикасен кај Бостон. Единствениот брејк го направи Индијана која славеш во Торонто со 100 :90 предводена од Пол Џорџ со 33 поени, а домашните “ол стар“ играчи Лаури и Дерозан вкупно постигнаа 25 поени со очаен шут од 32 -8 од игра. Вечерва се играат уште 4 натпревари од 1 коло од првата “плеј оф“ рунда.