Павлов „сребрен“, уште четворица со „бронзи“ во Салзбург

17.04.2016 19:04

Емил Павлов во категорија до 60кг по 4 ефектни победи дојде до финалето, каде што во меч за златото е поразен од србинот Марко Антиќ, кого го совлада минатата година во меч за бронзен трофеј во Баку на Европските Игри.

Македонските каратисти имаа одлични резултати на уште едно значајно натпреварување во очекување на промоција на овој спорт во олимписки. На Премиер лигата во Салцбург во конкуренција на 710 натпреварувачи од 60 земји освоија вкупно 5 трофеи, од кои еден сребрен и четири бронзени. Емил Павлов во категорија до 60кг по 4 ефектни победи дојде до финалето, каде што во меч за златото е поразен од србинот Марко Антиќ, кого го совлада минатата година во меч за бронзен трофеј во Баку на Европските Игри.

Покрај него, Македонија заврши со уште 4 бронзени трофеи и тоа Берат Јакупи во категорија -84кг, Жарко Арсовски во најтешката +84, а кај девојките Наташа Стефановска во -61кг. Со трофеј се закитија уште и девојките од ката тимот. Премиер лигата во Салзбург е еден од најпрестижните натпреварувања годинава и беше последна проверка за македонските каратисти пред ЕП во Монпелје, кое ќе се одржи од 5 до 8 мај.