Ѕвезда меѓу хотелите

18.04.2016 12:27

Луксузниот „Калвер Хотел“ во Калвер во 1924 година ги конструираше Хари Калвер, а до 1940 година во тој град се снимаа половина од американските филмови. Со текот на годините хотелот со необична, тријаголна форма се „појави“ во повеќе филмови...

Кога на Булеварот на славните и објектите би можеле да добијат своја ѕвезда, овој хотел сигурно би ја имал.

„Калвер хотел“ (Culver hotel) во изминатите неколку децении пречека 124 џуџиња за време на снимањето на „Волшебникот од Оз“, а во престојувале и некои од најголемите светски ѕвезди, вклучувајќи ги Грета Гарбо и Роналдо Реган.

Луксузниот „Калвер Хотел“ во Калвер во 1924 година ги конструираше Хари Калвер, а до 1940 година во тој град се снимаа половина од американските филмови. Со текот на годините хотелот со необична, тријаголна форма се „појави“ во повеќе филмови (The Little Rascals, Laurel and Hardy, The Last Action Hero, Marvel's Agent of S.H.I.E.L.D), како и во серијата Cougar Town.

И ентериерот е користен за снимањето на многу сцени, а кога не се појавуваше „рамо до рамо“ со ѕвездите на филмското платно, тогаш тие ѕвезди ги пречекуваше.

Едно време, Чарли Чаплин беше сопственик на хотелот, а на сајтот на хотелот пишува дека „според легендата Чаплин му го дал на Џон Вејн за еден долар на покер“.

Не беа само актерите познатите гости на овој хотел, во него престојуваа и политичари. Во трката за претседател Двајт Ајзенхауер во 1952 година својата кампања ја водеше токму од тука.

За жал во 80-тите години од минатиот век зградата многу пропадна и хотелот беше пред затворање. Сепак последната сопственичка Маја Малик, го врати хотелот во живот, со реновирање на екстериерот и ентериерот, а „Калвер“ во 1997 година е прогласен за објект од национално значење.

Овој хотел со четири ѕвездички денес има 46 соби и простории за состаноци и свечени манифестации.