Снапчет најпопуларна социјална мрежа меѓу тинејџерите

18.04.2016 12:34

Снапчет кон крајот на 2015 година дојде во фокусот на младите корисници кои повеќе го преферираат дури во однос на Твитер, Фејсбук и Инстаграм.

Социјалната мрежа Снапчет лани регистрираше голема експанзија на бројот на корисници, со што дојде во друштво на најкористените платформи.

Всушност, Снапчет кон крајот на 2015 година дојде во фокусот на младите корисници кои повеќе го преферираат дури во однос на Твитер, Фејсбук и Инстаграм.

Имено, анкетата со над 6.500 млади луѓе, што ја спроведе агенцијата „Пајпер Џефреј“, покажа дека тинејџерите во САД најмногу користат Снапчет. Оваа социјална мрежа ја преферираат 28 отсто испитаници, додека Инстаграм се наоѓа на второ место со 27 отсто.

На трето и четврто место се наоѓаат Твитер и Фејсбук. Само пред неколку месеци, Инстаграм беше на прво место, додека Снапчет беше на четврто место.

Резултатите од анкетата покажуваат дека тинејџерите повеќе се заинтересирани за споделување на фотографии, на што се фокусираат Снапчет и Инстаграм, отколку на размена на текстови кое го предводат Фејсбук и Твитер.

Без изненадување, на последно место меѓу социјалните мрежи се наоѓа Гугл +, кој го користат само еден отсто од испитаниците.