На сите натпревари од тетото коло одиграни во вторникот и во средата имаше барем еден гол

Уште три екипи со максимален учинок по третото коло од Лигата на шампионите

25.10.2013 11:49

Натпреварот во Истанбул меѓу Галатасарај и Копенхаген го судеше македонскиот судија Александар Ставрев.

По одигрувањето на синоќешните натпревари од третото коло од фудбалската Лига на шампионите уште три екипи продолжуваат со максимален учинок. Покрај Атлетико Мадрид, сега по девет бодови имаат и Реал Мадрид, ПСЖ и европскиот првак Баерн Минхен. 
 
На сите натпревари од тетото коло одиграни во вторникот и во средата имаше барем еден гол. 
На синоќа одиграните дуели беа постигнати следниве резултати:
 
А група: Баер Леверкузен – Шахтјор 4:0, Манчестер Јунајтед – Реал Сосиедад 1:0.
Табела:  Манчестер Јунајтед 7 бодови, Баер Л. 6, Шахтјор 4, Реал С. 0.
 
Б група: Галатасарај – Копенхаген 3:1 и Реал Мадрид – Јувентус 2:1.
Табела:  Реал Мадрид 9, Галатасарај 4, Јувентус 2, Копенхаген 1.
 
Ц група: Андерлехт – ПСЖ 0:5 и Бенфика – Олимпијакос 1:1.
Табела: ПСЖ 9, Олимпијакос 4, Бенфика 4, Андерлехт 0.
 
Д група:  ЦСКА МОсква – Манчестер Сити 1:2 и Баерн – Викторија 5:0.
Табела: Баерн 9, Манчестер Сити 6, ЦСКА Москва 3, Викторија 0.
 
Следното коло се игра на 5 и на 6 ноември.