Кошарка - НБА

Домашни победи за 2:0

21.04.2016 17:54

Најмногу и тоа седум тројки реализираше Џеј Ар Смит кој мечот го заврши со 21 поен. Најефикасен со 27 беше Леброн Џејмс.

Кливленд, Мајами и Клиперс максимално ја искористија предноста на домашниот паркет во првите два меча во стартното коло од НБА доигрувањето. За водство од 2:0 најдобрата екипа на истокот, Кливленд славеше против Детроит со 107:90, благодарение најмногу на 20-те тројки. Кошаркарите на Кавалирс потрошија 38 шута за да го израмнат плеј - оф рекордот на Голден Стејт. Најмногу и тоа седум тројки реализираше Џеј Ар Смит кој мечот го заврши со 21 поен. Најефикасен со 27 беше Леброн Џејмс.

Третопласираната екипа во Источната конференција, Мајами уште еднаш беше подобра од Шарлот, овојпат со 115:103. Двејн Вејд постигна 28 поени, но клупски рекорд постави Хасан Вајтсајд кој ги погоди сите осум обиди од игра и собра 17 коша и 13 скока.

Најубедлив беше тимот од Лос Анџелес којшто како четврти на западот уште еднаш триумфираше против Портланд.  Во победата од 102:81, кошаркарите на Клиперс имаа одлични 46 проценти на ударите од поле. Најпрецизен беше Крис Пол со 25 поени.