Почина музичката легенда Принц

22.04.2016 11:29

Светски познатиот музичар Принц почина на 57 години од засега непознати причини. Неговото тело било пронајдено во домот во Минесота.

Годинава светот се збогува со уште една музичка ѕвезда. Светски познатиот музичар Принц почина на 57 години од засега непознати причини. Неговото тело било пронајдено во домот во Минесота.

Обожавателите, меѓу кои е и режисерот Спајк Ли, организираа забава во Бруклин во негова чест.

Пред една недела, приватниот авион со кој патувал Принц итно слетал во Илиноис. Тој бил префрлен во болница, но по краток престој бил пуштен дома.

Принц е официјално примен во Куќата на славните на рокенролот во 2004-та година. Во 35-годишната кариера, објави 39 соло албуми.

Добитник е и на Оскар за музичкото дело „Purple Rain“ од истоимениот филм, како и на 7 Греми статуетки.