„Дафт Панк“ триумфираа на наградите „Греми“

27.01.2014 10:09

Француското електронско дуо, „Дафт Панк“ со својот албум „Random Acess Memories“

Француското електронско дуо, „Дафт Панк“ со својот албум „Random Acess Memories“ триумфираше на синоќешното доделување на престижните награди „Греми“ и  ја освои главната награда за најдобар албум на годината.

Во истата категорија беа номинирани „Good Kid M.A.A.D. City“ на Кендрик Ламар, „The Blessed Unrest“ на Сара Барелис, „Red“ на Тејлор Свифт и „The Heist“ на рап дуетот Меклмор и Рајан Луис.

„Дафт Панк“ заедно со Фарел Вилијамс се закитија ис о наградата за најдобар сингл на годината, за композицијата „Get Lucky“.

„Дафт Панк“ победија и во категоријата најдобар денс или електронски албум, како и во категоријата најдобар дизајн на неокласичен албум, додека Фарел Вилијамс освои „Греми“ за најдобар продуцент на годината.

„Royals“ на новозеландската пејачка Лорд освои „Греми“ за најдобра песна на годината.

Награда за животно дело на годинешните „Греми“ награди добија култните „Битлси“.