Уште една врвна голманка во Вардар

22.04.2016 19:18

Мајса има 31 година и во својата кариера има светска шампионска титула со селекцијата на Бразил 2013 година и злато на панамериканските игри минатата година. На клупски план освои шампионски титули во Франција, Русија и во Романија.

Ракометарките на Вардар се подготвуваат за Ф4, каде што се пласираа трета сезона по ред. Денес тие официјално добија уште едно големо засилување на голманската позиција.  Бразилката Мајса Песоа Ракел де Оливеира Тафарел, следните две сезони ќе настапува за најдобриот македонски клуб. Интересно е што таа до крајот на сезоната е членка на Букурешт, противник на вардарки во полуфиналето од Л Ш.

Мајса има 31 година и во својата кариера има светска шампионска титула со селекцијата на Бразил 2013 година и злато на панамериканските игри минатата година. На клупски план освои шампионски титули во Франција, Русија и во Романија. Во црвено црниот табор доаѓа да ја засили ионака одличната голманска конкуренција каде што се Леино и Суслина, а нејзина главна цел ќе биде освојување на европската клупска титула.