Македонија во фокус на Детскиот филмски фестивал во Сиетл

27.01.2014 10:42

Оваа година Детскиот филмски фестивал во Сиетл ја стави Македонија...

Оваа година Детскиот филмски фестивал во Сиетл  ја стави Македонија во фокусот со прикажување на пет кратки играни филмови наменети за младата публика, поддржани од Филмскиот фонд на Македонија, како и еден документарен филм произлезен од Школата за креативен документарен филм „Актив“.

Во програмата на фокусот на Македонија ќе бидат прикажани филмовите „Бардо“ на Марија Апчевска, „Жарче“ на Томислав Алексов, „Образ“ на Стефан Сидовски, „Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски, „Game Over“ на Зоран Мишевски, „Spring in Summer“ на Един Алија, Мила Радоњиќ и  Вања Ристич од Школата за креативен документарен филм Актив.

Покрај тоа, на фестивалот ќе бидат прикажани и филмови на Браќата Манаки кои дигитално беа реставрирани со проектот на Кинотеката на Македонија.

Филмовите на Браќата Манаки ќе бидат придружувани со македонска музика во изведба на Драги Спасовски и Давид Билидес.