РЕШЕНИЕ ЗА ЛИСТА ОД КОЈА СЕ ИЗБИРААТ ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР ПО КОНКУРС ЗА СОЗДАВАЊЕ НОВИ КОМПОЗИЦИИ ВО 2016-ТА ГОДИНА

26.04.2016 11:41

Врз основа на член 15 став 7 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција  (Сл.весник на РМ бр.119/13) во врска со член 6 од Правилникот за начинот на бодирање и вршење на избор на членови на листа од која се избираат членови на комисијата за избор по конкурс за создавање на нови композиции бр.01-1641/1 од 04.03.2014 година и Предлог-листа од Комисијата за бодирање на пријавените кандидати за членови на листа од која се избираат членови на Комисија за избор по конкурсот за создавање на нови композиции според Законот за поддршка на домашната музичка продукција Бр.20-1998/3 од 12.04.2016 година, Директорот на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија Скопје го донесе следното:

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

СЕ УТВРДУВА ЛИСТА од која се избираат членови на комисија за избор по конкурс за создавање на нови композиции во 2016 година, а согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција, која гласи:

 

1.    ДУШКО ТЕМЕЛКОВСКИ

2.    ВЛАДИМИР ДОЈЧИНОВСКИ

3.    ГРИГОР КОПРОВ

4.    ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ

5.    ИГОР ЗОТИЌ

6.    КИРИЛ ТОДЕВСКИ

7.    ДРИТОН СУЛЕЈМАНИ

8.    САШО НИКОЛОВСКИ

9.    ГРАМОС АЉИЈИ

10.  АРБЕН АСЛАНАЈ

11.  ДЕАН ЌУРЧИЕВ

12.  ЦАНЕ ПЕТРОВ

13.  ВЕСНА МАЛЈАНОВСКА

14.  ДИМИТАР ЧЕМКОВ

15.  БИЛЈАНА НИКОЛОВСКА

16.  НЕЛКО НЕЛКОВСКИ

17.  БЛАГОЈА ЗДРАВКОВСКИ

18.  ПАНЧЕ ИЛИЕВ

19.  ТАТЈАНА ГРКОВСКА

20.  ГОРДАНА КУНОВСКА АНГЕЛОВСКА

21.  ОРЦЕ ГЕЛЕВСКИ

22.  ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ

23.  ТОДЕ СПАСОВСКИ

24.  СИМЕОН ИВАНОВ КАНГО

25.  ЈОШКО БОШКОВСКИ

26.  ВАНЧО ДИМИТРОВ

27.  СИЛВАНА МУЧИЌ ПЛЕВНЕШ

28.  ВЛАТКО ПЛЕВНЕШ

29.  НИКОЛА ФИРИЕВ

30.  ГОРЈАН СТОЈАНОВСКИ

31.  МАРКО КОЛОВСКИ

32.  ЗОРАН ТРПКОВ

33.  РИСТО АПОСТОЛОВ

34.  АЛИ БАЈРАМ

35.  ВАСИЛ ФОТИУ

36.  ШПЕНД АХМЕТИ

37.  ЗЛАТКО ПОПЧЕСКИ

38.  ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ

39.  КОНСТАНТИН КАРЕВ

40.  МЕТОДИЈА АВТОВСКИ

41.  ЛИЛЈАНА АВТОВСКА

42.  ВАСКА НАУМОВА ТОМОВСКА

43.  РОБЕРТИНО САЗДОВ

44.  НИКОЛА АВТОВСКИ

45.  БОРЧО ДИМИТРОВ

46.  ЗОРАН РУДАН ЦЕКИ

47.  ЉУПЧО СОКОЛОВСКИ

48.  БОЈАН ТРАЈКОВСКИ

 

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

            Во Член 15 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција предвидено е Директорот на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија Скопје, по пат на јавен повик да подготвува листа од 50 лица, автори на музички дела (музика, текст и аранжман), изведувачи, продуценти на аудиозапис односно продуценти на видеозапис и музички уредници во радиодифузни организации од која по случаен избор се избираат членовите на комисијата која ќе учествува во постапката за одлучување по конкурсот. За подготовка на листата од став 1, ЈРП МРТ во јануари во тековната година објавува јавен повик. Јавниот повик се објавува во средствата за јавно информирање и на веб страницата на ЈРП МРТ Скопје и трае 30 дена од денот на објавувањето.

            ЈРП МРТ Скопје согласно законската одредба во текот на месец јануари 2016 година објави јавен повик во средствата за јавно информирање и на веб страницата на ЈРП МРТ Скопје, во траење од 30 дена од денот на објавувањето.

            Од заинтересираните лица кои се јавија на повикот, а кои ги исполнуваа условите, Директорот на ЈРП МРТ ја состави  Листата на членови на начин како во диспозитивот на ова Решение, по принцип на бодирање при шо предност имаа оние кандидати со најмногу бодови. Листата на членови се состои од 48 лица, кои ги исполнуваа условите предвидени во член 15 став 5 и 6 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција и одредбите на Правилникот за начинот на бодирање и вршење на избор на членови на листа од која се избираат членови на комисијата за избор по конкурс за создавање на нови композиции.

 

 

 

ЈРП Македонска Радиотелевизија