Фудбал - Лига на шампиони (полуфинале)

Според бројките, Реал е фаворит против Сити

26.04.2016 18:55

Реал е без пораз во последните осум дуели со англиски екипи, Кристијано Роналдо сезонава постигна 16 гола или само два помалку од вечерашниот противник. Португалецот има седум триумфи, реми и три порази од граѓаните, но славеше во четирите натпревари во кои постигна гол. Спротивно, Агуеро никогаш не победил во 11-те меча против Реал.

Најголемит дел статистички податоци се на страната на Реал, особено што за Сити ова ќе биде прво елитно полуфинале, претходните две ги одигра пред 45 години, но во сега непостоечкиот Куп на победниците на куповите. Кралскиот клуб е рекордер со 27 полуфиналиња, шест по ред, но мина само едно од нив и тоа во 2014-та кога ја освои десетата титула.

Реал е без пораз во последните осум дуели со англиски екипи, Кристијано Роналдо сезонава постигна 16 гола или само два помалку од вечерашниот противник. Португалецот има седум триумфи, реми и три порази од граѓаните, но славеше во четирите натпревари во кои постигна гол. Спротивно, Агуеро никогаш не победил во 11-те меча против Реал. Манчестер Сити е без пораз седум натпревари и најверојатно ќе биде без повредениот Јаја Туре.

Дополнителната мотивација ќе дојде од клупата затоашто менаџерот Пелегрини беше избркан од Реал, иако во сезоната 2009 / 10-та освои тогаш рекордни клупски 96 бода, но доволни само за второто место во првенството зад Барселона. Пелегрини најавува офанзивен фудбал бидејќи според него само така може да се стигне до финалето. „Потребно ни е жешко срце и студена глава“, вели уругвајскиот стручњак.

Зидан, пак, смета дека Реал во моментов е во најдобра форма сезонава. „Можеме да се подготвуваме на најдобар начин, но ваквите големи мечеви можат да отидат во спротивен правец, па  затоа треба да дадеме 150 проценти“, изјави францускиот тренер. Реал ќе биде комплетен, пред три сезони во фазата по групи на Етихад одигра 1:1, а на Сантијаго Бернабеу го совлада Сити со 3:1.

Во второто полуфиналево Лигата на шампионите утре ќе играат Атлетико Мадрид и Баерн Минхен со пренос на МТВ1 во 20.45.