Решена големата фудбалска трагедија

Полицијата виновна за 96-те жртви на Хилсборо

26.04.2016 18:57

Во повеќето пропусти два се оценети како катастрофални. Прво, тоа што полицијата за да ја намали мешаницата на стадионот ги пуштила навивачите на Ливерпул на трибината којашто веќе била преполна. Второ, на полицијата и било потребно многу време за да прогласуви вонредна состојба и поради тоа доцнела и итната медицинска помош.

1989-та година во пресрет на мечот од ФА купот со Нотинген Форест, навивачите на Ливерпул не придонеле со ништо за трагедијата, полицијата направила серија грешки, реши британскиот суд откако во 2012-та ја поништи првата пресуда и нареди нова истрага.

Во повеќето пропусти два се оценети како катастрофални. Прво, тоа што полицијата за да ја намали мешаницата на стадионот ги пуштила навивачите на Ливерпул на трибината којашто веќе била преполна. Второ, на полицијата и било потребно многу време за да прогласуви вонредна состојба и поради тоа  доцнела и итната медицинска помош.

Во стампедото на стадионот Хилсборо во Шефилд на 15 април 1989-та година животот го загубија 94 лица, додека двајца навивалчи на Ливерпул починаа во болница.