Кошарка - Евролига (четвртфинале)

Историски успех на Локомотив Кубан

26.04.2016 22:19

Во мајсторката во Краснодар, Локомотив славеше со 81:67, пред се пореади одличната одбрана и расположената четворка странци, Американците, Дилејни кој постигна 17, Синглтон со 16 и Џенинг со 10 поени. Австралиецот, Брукхоф реализираше 14 коша.

Иако се дебитанти во Евролигата, кошаркарите на Локомотив Кубан се пласираа на завршниот турнир во Берлин. Русите го елиминираа двојниот европски првак, Барселона со 3:2 во четвртфиналната серија иако губеа со 2:1, а во четвртиот натпревар гостуваа во Блауграна.

Во мајсторката во Краснодар, Локомотив славеше со 81:67, пред се пореади одличната одбрана и расположената четворка странци, Американците, Дилејни кој постигна 17, Синглтон со 16 и Џенинг со 10 поени. Австралиецот, Брукхоф реализираше 14 коша.

Во руското полуфинале на 13 мај, Локомотив ќе игра со шесткратниот европски првак ЦСКА. Московјани по 13-ти пат во последните 14 сезони се дел од фајнл - фор турнирот.

Во другата пресемтка за финалето на 15 мај ќе се соочат Фенербахче и Лаборал Куча. Во првото учество минатата сезона, турската екипа беше трета, додека Шпанците беа поразени во двете претходни финалиња.