Македонска кошарка плеј - оф (четвртфинале)

Фени поведе со 2:0, Работнички израмни на 1:1

26.04.2016 22:21

Квадарчани беа подобри во три четвртини и славеа со 100:96. Најрасположен со 30 поени беше Николовски, Враговиќ постигна 25, Петровски 18. Кај гостите кои ќе бидат домаќини на следниот дуел в петок, најпрецизен беше Ѓуроски со 16 коша.

МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи директно влегоа во полуфиналето на домашниот кошаркарски плеј - оф. До него блиску е Фени Индустри откако поведе со 2:0 против Кожув. Квадарчани беа подобри во три четвртини и славеа со 100:96. Најрасположен со 30 поени беше Николовски, Враговиќ постигна 25, Петровски 18. Кај гостите кои ќе бидат домаќини на следниот дуел в петок, најпрецизен беше Ѓуроски со 16 коша.

Иако поради четирите лигашки победи во меѓусебните дуели, Куманово стартуваше со предност во четвртфиналната серија, Работнички израмни на 1:1. Како гостин, 14-кратниот македонски првак славеше со 85:82. Благодарение на Чековски кој постигна 21 и на 18-те поени на Мираковски, Работнички ја презеде предноста на домашниот паркет и в петок ќе биде домаќин во Градски парк. Преносот ќе биде на МРТ - Собранискиот сервис. Без ефект остана 33-те коша на центарот на Куманово, Трајковски. За полуфинале се потребни три триумфи.