Фудбал - Лига на шампиони (четвртфинале)

Манчестер Сити - Реал Мадрид 0:0

26.04.2016 23:25

И покрај домашните 0:0 граѓаните не се без шанси првпат во историјата да играат елитно финале затоа што на последните четири гостувања во Шпанија двапати триумфираа. Реваншот ќе се одигра на 4 мај на мај на Сантијаго Бернабеу.

Без голови во Манчестер, па мадридскиот дуел ќе решава за финалистот во фудбалската Лига на шампионите од пресметката меѓу Сити и Реал. И без Кристијано Роналдо кој поради повреда не играше на првото полуфинале на Етихад, кралскиот  клуб и во деветиот натпревар по ред не загуби од англиска екипа. Напротив, по здодевното и сиромашно прво полувреме Шпанците беа поконкретни во вториот дел кога Хесе ја погоди стативата, ударопт на Пепе од идеална позиција го одбрани Харт. Реал ја имаше за нијасна повече топката во свој посед 52 процента и испрати 11 шута кон противничкиот гол или пет повече од Сити. И покрај домашните 0:0 граѓаните не се без шанси првпат во историјата да играат елитно финале затоа што на последните четири гостувања во Шпанија двапати триумфираа. Реваншот ќе се одигра на  4 мај на мај на Сантијаго Бернабеу.

Полуфинале меѓу Атлетико Мадрид и Баерн Минхен ќе биде реприза на финалето од 1974-та година, кога баварците по два меча во Брисел ја освоија титулата во тогашниот Куп на шампионите. Преносот од Висенте Калдерон ќе биде в среда на МТВ1 во 20.45.