УЕФА Европа лига - полуфинале (први мечеви)

Тројца шампиони и една „подморница“

28.04.2016 22:04

Жолтата подморница сезонава славеше на сите шест домашни мечеви, со еден примен гол и загуби само во првото коло во фазата по групи. Ливерпул, пак, на Ел Мадригал доаѓа како единствен без пораз, но и со податокот дека Клоп не се радувал на петте гостување во Шпанија.

За победникот во УЕФА Европа лигата наградата е двојна, пласман во елитното натпреварување и се разбира трофејот којшто во четворката полуфиналисти го нема освоено само Вилјареал.

Жолтата подморница сезонава славеше на сите шест домашни мечеви, со еден примен гол и загуби само во првото коло во фазата по групи. Ливерпул, пак, на Ел Мадригал доаѓа како единствен без пораз, но и со податокот дека Клоп не се радувал на петте гостување во Шпанија. Вилјареал е на четвртата позиција во домашното првенство и многу блиску до квалификациите за Лигата на шампионите којашто за Ливерпул е достижна само ако го освои четвртиот пехар во УЕФА натпреварувањето. Со девет гола напаѓачот на Вилјареал, Бакамбу е втор стрелец во Европа лигата, но неговата екипа десет меча нема триумф против англиски тим..

„Искуството не се купува, но треба да се знае да се искористи“, вели Клоп кој смета дека финалето во Базел сега е на дофат за разлика од октомври минатата година кога дојде на Енфилд.

„Нема притисок, ниту страв без разлика што Ливерпул е фаворит“, изјави тренерот на Вилјареал, Марселино кој не може да смета на повредениот Баптистао. Црвените ќе бидат без Ориги, Џан, Хендерсон, Ингс, Гомез и допингуваниот Сако. По повеќе од месец пауза во конкуренција ќе се врати Бентеке.

Преносот од втората пресметка меѓу Вилјареал и Ливерпул ќе биде на МТВ1 во 21.05, во првата, но пријателска во 2008 одиграа без голови.

Шахтјор во 2009 беше последниот освојувач на Купот на УЕФА, Севилја  е рекордер со четири трофеи и може да биде првата екипа во историјата со три едноподруго пехари. Откако се префрли од Лигата на шампионите, Шахтјор има пет победи и реми, Севилја, пак, четири триумфи и нерешено во дуелите со украински екипи.

Реванш осминафиналното соочување во 2007-ма е едно од најневообичаените. По нерешените 2:2 на Санчез Писхуан, на Домбас Арената голманот Палоп во четвртата минута од судиското надополнување постигна погодок за продолженија во коишто Шевантон и обезбеди победа на Севилја.

„Во животот, па и во спортот има баланс и се се враќа“, како да сакаше да најави нешто пред дуелот на Лвов Арената домашниот стратег, Луческу.

Тројца шампиони и една „подморница“