Македонска кошарка – четвртфинале

Куманово по реванш во Скопје

29.04.2016 11:35

На првиот меч во Куманово пред три дена, Чековски, Тасовски и Марковски ги одиграа сите 40 минути, а Мираковски на паркетот мина повеќе од 34! Актуелниот вицепрвак има поголема ротација и предност под кошот, но ако Работнички успеа на туѓ, зошто не би можел и на свој терен, иако сезонава кумановци немаа проблем да ја надминат атмосферата во салата...

Откако ги загуби сите четири натпревари во основниот дел од сезоната во македонското кошаркарско првенство, Работнички направи изненадување во Куманово и ја анулира предноста на противникот во четвртфиналето од разигрувањето. Нашиот најтрофеен кошаркарски клуб не само што израмни во серијата на 1-1, туку и во евентуална мајсторка ќе игра на домашен терен.

Но може ли тимот од „Градски парк“ да издржи со оглед на органичениот играчки потенцијл? На првиот меч во Куманово пред три дена, Чековски, Тасовски и Марковски ги одиграа сите 40 минути, а Мираковски на паркетот мина повеќе од 34! Актуелниот вицепрвак има поголема ротација и предност под кошот, но ако Работнички успеа на туѓ, зошто не би можел и на свој терен, иако сезонава кумановци немаа проблем да ја надминат атмосферата во салата, па двапати славеа со двоцифрена разлика. Во споредба со тие натпревари екипите претрпеа промени во кадарот, но се чини дека остана идентичен соодносот на линиите. Куманово има поголем избор во рекетот, каде што за Работнички пресудно е искуството на Чековски. На првиот дуел Трајковски и Мандиќ постигнаа вкупно 55 коша, но потребна им е поддршката од надворешните позиции на коишто двоцифрен беше само Костовски. Ако ги разигра бековите, Србиновски ќе има голема шанса за реванш против својот тренерски ментор Докузовски.

Во серијата до три победи, сигурно ќе има уште два, а најмногу три натпревари на ривалите. Македонската телевизија ќе емитува пренос од првиот, денеска од 19 часот на Собранскиот сервис.