Медитеранската исхрана во превенција на срцевите болести

03.05.2016 11:43

Истражувачите од Оукланд сити хоспитл потенцираат дека не е доволно само да се избегнува храната позната по негативниот ефект на срцето и крвните садови.

Фокусирањето на здрави намирници, на пример тие што се карактеристични за медитеранската исхрана е пресудно за превенција на срцевите болести, објавија новозеландски научници.

Истражувачите од Оукланд сити хоспитл потенцираат дека не е доволно само да се избегнува храната позната по негативниот ефект на срцето и крвните садови.

Во нивната четиригодишна студија користени се податоци за исхраната на 15.000 лица во повозрасни години од 39 земји.

Медитеранската исхрана се карактеризира со висок удел на овошје, зеленчук, риба и маслиново масло.

Медиумите пренесуваат дека новите наоди потврдиле превентивен ефект на медитеранската исхрана за срцев и мозочен удар.