Кошарка - НБА

Оклахома го елиминираше Сан Антонио

13.05.2016 12:23

Во шестиот натпревар во Оклахома Сити, доминираше домаќинот кој имаше и предност од 28 поени. Блескаше Кевин Дурент со 37 коша, расположен со 28 поени и 12 асистенции беше Расел Вестбрук.

Оклахома го елиминираше Сан Антонио и ќе игра во финалето на западната НБА конференција против шампионот Голден Стејт. Иако Спарс беа фаворити го загубија полуфиналето со 4:2, откако Тандерс славеа со 113:99. Цела сезона Сан Антонио дома беше поразен  само еднаш, додека во второто плеј - оф коло, Оклахома двапати триумфираше на паркетот на петкратниот првак.

Во шестиот натпревар во Оклахома Сити, доминираше домаќинот кој имаше и предност од 28 поени. Блескаше Кевин Дурент со 37 коша, расположен со 28 поени и 12 асистенции беше Расел Вестбрук.

Кај гостите најпрецизен беше Кави Леонард со 22 коша и девет скокови. 19 поени постигна 40-годишниот Тим Данкан кој можеби по 19 сезони и пет шампионски прстени го одигра последниот натпревар. Подолг стаж од него имаше само Коби Брајант и тоа една година плус. По 14  сезони и четири титули со Сан Антонио за евентуален крај на кариерата ќе размисли и 38-годишниот Аргентинец, Ману Џинобили.

Западното финале до четири победи меѓу Голден Стејт и Оклахома ќе почне ноќта меѓу понеделник и вторник. Кој, пак, ќе му биде противник на Кливленд во серијата за источниот трофеј можеби ќе биде познато рано изутрина доколку Торонто при водство од 3:2 слави на гости кај Мајами.