Кошарка - Евролига (фајнл - фор)

Антиќ во Берлин за трета титула

13.05.2016 12:25

Фенербакче, кој минатата сезона во првото учество на фајнл - фор го освои третото место, во денешното полуфинале од 21 часот ќе игра со Лаборал Куча.

Двајца Македонци го освојувале елитното европско клупско натпреварување, Петар Наумовски и Перо Антиќ, но кошаркарот на Фенербахче има можност за трет трофеј во Евролигата. Како највозрасен кошаркар на завршниот турнир во Берлин, по Олимпијакос, Антиќ ќе се обиде да биде шампион на Европа и со турската екипа.

Фенербакче, кој минатата сезона во првото учество на фајнл - фор го освои третото место, во денешното полуфинале од 21 часот ќе игра со Лаборал Куча. Шпанците, во претходните два настапа на губеа во финалето. Во 18 часот, во руската пресметка, шесткратниот европски првак ЦСКА Москва ќе игра против дебитантот Локомотив Кубан.

Разврската ќе биде в недела, мечот за третото место во 17.00, а финалето во 20 часот.