РАКОМЕТ - КУП НА МАКЕДОНИЈА

Две куп финалиња меѓу Вардар и Металург

13.05.2016 22:53

На машкиот турнир во слата Билјанини извори, Вардар којшто е рекордер со десет трофеи во полуфиналето славеше против домаќинот Охрид со 29:21. Ангелов оствари 12 одбрани, а прв стрелец со пет гола беше Дибиров.

Девет години по ред во машка и шест во женска за ракометните куп - пехари решаваат екипите на Вардар и на Металург. Така ќе биде и во 24-то издание на завршните турнири во Охрид и во Скопје.

На машкиот турнир во слата Билјанини извори, Вардар којшто е рекордер со десет трофеи во полуфиналето славеше против домаќинот Охрид со 29:21. Ангелов оствари 12 одбрани, а прв стрелец со пет гола беше Дибиров.

Металург, пак, којшто како и Пелистер има пет пехари, беше подобар од Вардар јуниор со 30:27. Откако црвено - црните долго беа рамноравни, најзаслужен за триумфот на металурзите беше Талески со осум погодоци.

Финалето ќе се одигра утре во 17.30 со пренос на МТВ 1.

Во женска конкуренција, Металург со 23:19 го победи Вардар јуниор. Најпрецизна кај шетирикратниот освојувач на купот, беше Саздовска со шест гола. Иако без неколку стандардни ракометарки, Вардар во второто полифинале го декласираше Куманово со 51:18. Во Вардар којшто има три пехари, најдобри стрелци беа Човиќ со 12 и Ристовска со 9 погодоци.

Мечот за 24-от куп пехар ќе се одигра в недела во Автокоманда во 17 часот со пренос на МРТ - Собранискиот сервис.