ЕУРО 2016 Франција

Шпанија без 13 фудбалери од шампионската 2012

17.05.2016 14:35

„Конкуренцијата е голема и остра, не можат да бидат повикани сите, само они кои во моментов можат да ни бидат од најголема корист“, изјави шпанскиот стратег при објавувањето на спискот од којшто ќе отпаднат двајца играчи.

Откако пред четири години стана првата репрезентација којашто ја одбранила титулата, Шпанија ќе се обиде да го надополни успехот со хет - трик трофеи на Европските првенства. Но, 65-годишниот Висенте дел Боске овојпат има поинаква стратегија и во конкуренцијата од 25 фудбалери не повика дури 13 кои во Полска и Украина вторпат по ред го покорија стариот континент. Покрај пензионираните Чави и Алонсо, од они кои биле во или блиску до најдобрите 11, ги нема Торес, Казорла, Мата, Хави Мартинез, Навас, како и Диего Коста кој е тазе Шпанец, но со чијашто недоволна опоравеност  селекторот на црвена фурија не сака да ризикува. Мали изненадувања се изоставувањето на Пако Аласер кој играше во квалификациите, како и повикот на 31-годишниот Бруно Сориано о Вилјареал. И инсистирањеето на Дел Боске во нападот да биде и 35-годишниот Адуриз од Атлетик Билбао. Можност да дебитираат во дресот на тројниот европски првак ќе чекаат Саул од Атлетико и Лукас Васкез од Реал Мадрид.

„Конкуренцијата е голема и остра, не можат да бидат повикани сите, само они кои во моментов можат да ни бидат од најголема корист“, изјави шпанскиот стратег при објавувањето на спискот од којшто ќе отпаднат двајца играчи.

Подготовките на репрезентацијата ќе почнат на 23 мај и тоа без фудбалерите на Реал и на Атлетико поради финалето на Лигата на шампионите. Затоа во репрезентацијата дополнително ќе бидат вклучени 11 талентирани фудбалери кои се очекува во иднина да бидат дел од најдобрата селекција. Шпанците ќе одиграат два контролни меча на 29 мај со Босна и Херцеговина и на 1 јуни со Јужна Кореја.

Шампионот Шпанија ќе биде во групата Д на 15-то Европското првенство со Чешка, Турција и со Хрватска.