Фудбал - ЕУРО 2016 Франција

Германија без драстични промени

17.05.2016 16:24

Место меѓу 27-мина има и за недоволно опоравените Швајнштајгер и Хеведес, за повратникот Гомез кој имаше одлична сезона во Бешикташ, како и за вечниот Подолски кој ако се најде на конечниот список ќе го одигра своето осмо големо натпреварување.

Селекторот на светскиот првак Германија, Јоаким Лев ќе го освежува соатавот за Европксото првенство Франција, но меѓу фудбалерите кои на мундијалот во Бразил не беа во прв план. Исклучок се Лам, Клосе, Мертесакер и Гроскројц кои ја завршија репрезентативната кариера. Нови имиња се Фајлг од Борусија Дортмунд, Брант од Леверкузен, Сане од Шалке и Кимих од Баерн Минхен. Лено од Баер доби предност пред голманот на ПСЖ, Трап.

Место меѓу 27-мина има и за недоволно опоравените Швајнштајгер и Хеведес, за повратникот Гомез кој имаше одлична сезона во Бешикташ, како и за вечниот Подолски кој ако се најде на конечниот список ќе го одигра своето осмо големо натпреварување. Кои четворица фудбалери ќе отпаднат, Лев ќе соопшти на 31 мај. Германија, која последен од трите пати беше шампион на Европа пред 20 години, е во групата Ц со Украина, Полска и со Северна Ирска.