Како да се добие подобар сигнал во затворен простор?

19.05.2016 10:55

Иако не можете да ги промените законите на физиката и начинот на кој функционираат радиобрановите, постојат некои трикови и методи како да го подобрите мобилниот сигнал во затворен простор.

Мобилниот сигнал во затворен простор понекогаш знае да биде проблематичен. Може да имате фантастичен сигнал во еден дел на куќата или страна, додека во собата не можете ни да воспоставите повик. 
 
Иако не можете да ги промените законите на физиката и начинот на кој функционираат радиобрановите, постојат некои трикови и методи како да го подобрите мобилниот сигнал во затворен простор.
 
Некои од нив бараат промена во навиките или купување на некои мобилни додатоци, додека други ги користат веќе постоечките својства на вашиот телефон. Како и да е, сигналот ќе ви биде подобар.
 
Дали имате Wi-FI повик? Користете го!
 
Wi-FI повиците се релативно нова опција која може да се најде на многу нови мобилни телефони. Наместо да ја користите мобилната мрежа, вклучето го вашиот телефон на Wi-FI мрежата и воспоставувајте повици преку неа, т.е. преку интернет.
 
Со оглед дека Wi-FI мрежите главно се во затворени простории тој сигнал е многу посилен од мобилниот сигнал.
 
Самите Wi-FI повици се подобрија во текот на последните неколку години.
 
Набавете femtocell 
 
Femtocell и не е нов производ, но многу луѓе за него никогаш не слушнале бидејќи не се користат премногу. Најлесно е да се сфати како репетитор за најблиска мобилна антена.
 
И femtocell и антената работат на исти фреквенции како и вашиот телефон, но femtocell е програмиран да го прима и реемитува вашиот сигнал до антената. Тоа што исто така е добро е дека работи со било кој мобилен телефон.
 
Набвавете засилувач на сигналот
 
Постојат контроверзи околу нивната ефективност, но засилувачите на мобилен сигнал можат да бидат добро решение на локации каде се различни телефони и различни мрежи.
 
Имајте го предвид ограничувањето на мобилниот сигнал
 
Радиобрановите се однесуваат на одреден начин благодарение на законите на физиката и нема да постои технологија која тоа ќе го промени. Затоа најдобро е да се избегнува телефонирање во „приземје‟ и соби кои се „затворени‟ од сите страни.