Фудбал

Македонија без Хасани против Азербејџан и Иран

23.05.2016 20:39

Главниот дел од мини подготовките, селекторот Игор Ангеловски ќе ги одработи со 11 фудбалери затоашто што осуммината младински репрезентативци ќе се приклучат в сабота, по квалификацискиот дуел Украина - Македонија.

Како 141-ва на ФИФА ранг листата, за македонската репрезентација нема неважни натпревари, па такви ќе бидат пријателските на 29 мај против Азербејџан во австријски Швадорф и со Иран во Скопје на 2 јуни.

Главниот дел од мини подготовките, селекторот Игор Ангеловски ќе ги одработи со 11 фудбалери затоашто што осуммината младински репрезентативци ќе се приклучат в сабота, по квалификацискиот дуел Украина - Македонија. Ферхан Хасани, пак, ќе ги прошути двата натпревара бидејќи му е потребен дополнителен период за враќање во ритам по повредата на коленото, а дебитантот Никола Ѓорѓев ќе доцни затоа што неговиот Грасхопер последниот натпревар од швајцарското првенство ќе го одигра в среда.

По селекторската смена и победата против Црна Гора со 4:1, Македонија врза три пораза без постигнат гол  и тоа против Либан, Словенија и Бугарија. Нашата репрезентација во мундијалските квалификации коишто ќе почнат во септември е во група со Шпанија, Италија, Албанија, Израел и Лихтенштајн.