Фудбал - пријателски натпревар

Англија во победничка форма и против Турција

23.05.2016 20:41

За поразот на Турција по дури 13 натпревари најзаслужни се најдобрите стрелци во Премиер лигата, Хари Кејн и на Џејмс Варди. Меѓу нивните, погодокот за Турција на Етихад во Манчестер го постигна Чалханоглу.

Англија е единствената репрезентација којашто со максимални 10 победи се пласираше на претстојното Европско фудбалско првенство, па Гордиот Албион со триумф против Турција од 2:1 ги почна подготовките.

За поразот на Турција по дури 13 натпревари најзаслужни се најдобрите стрелци во Премиер лигата, Хари Кејн и на Џејмс Варди. Меѓу нивните, погодокот за Турција на Етихад во Манчестер го постигна Чалханоглу.

До дуелите со Русија, Велс и со Словачка на континенталниот шампионат, Англија ќе спарингува со Австралија и со Португалија.

И Турција ќе одигра уште два контролни меча против Црна Гора и Словенија како загревање со европските пресметки со Хрватска, Шпанија и со Чешка.