Кошарка - НБА плеј - оф финале (западна конференција)

Оклахома - Голден стејт 133:105 (2:1)

23.05.2016 20:43

Вориос не само што загубија, туку беа и понижени од Тандерс со 133:105.

НБА шампионот Голден Стејт е во проблематична ситуација како и минатата сезона во плеј - офот, тогаш губеше од Мефис и Кливленд со 2:1, а сега од Оклахома во полуфиналето на западната конференција.

Вориос не само што загубија, туку беа и понижени од Тандерс со 133:105. Предноста на Оклахома во еден момент на натпреварот изнесуваше и 41 поен, но најважно за Тандерс е тоа што и следниот натпревар ќе го одиграат на домашен паркет. Расел Вестбрук реализираше 30 поени, 12 асистенции и 8 скока, Кевин Дурент беше најефикасен со 33 коша, двајцата имаа 50 проценти шут од игра. Клучни за триумфот на Оклахома беа и 14-те скока повеќе.

Кај Голден Стејт, Стеф Кари постигна 24, а Клеј Томсон 18 поени.