Повеќе центри за вештачко оплодување

Повик за доделување пет лиценци за In vitro фертилизација

25.10.2013 14:46

Министерството за здравство распиша јавен повик за доделување пет лиценци за ин витро

 Во моментов во државата има седум овластени здравствени установи за спроведување на ин витро и заедно со новите пет лиценци ќе се зголеми конкурентноста и осигурениците ќе добијат поголема можност да избираат каде ќе ја извршат оваа услуга. Министерот за здравство Тодоров ги повикува да се пријават здравствените установи надвор од Скопје бидејќи засега најголем број установи кои вршат инвитро се во главниот град, како и една во Битола и една во Штип.